Студентката повредена на протестот во Белград во стабилна состојба, деканите го осудија нападот
Стабилна е состојбата на студентката која вчера беше повредена кога патничко возило ја прегази на протест во Белград, велат лекарите.
На возачот, кој се товари за кривично дело тешко убиство во обид, му е одредено задржување до 30 дена.
Управите на сите факултети на Универзитетот во Белград заеднички најостро го осудија „бруталниот“ напад врз студентката.
Во соопштението се истакнува дека овој бесмислен чин на насилство претставува директен напад не само врз еден млад човек, туку и врз целата академска заедница и врз демократските вредности кои факултетите ги негуваат и ги бранат.
-Остануваме обединети во одбраната на правото на нашите студенти на безбеден и достоинствен протест, порачаа деканите на 31 факултет на Универзитетот во Белград.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека возачот на автомобилот и претходно бил регистриран како сторител на различни кривични дела и бил осудуван седум пати.
Инцидентот се случи вчера околу пладне во близина на улицата Рузвелтова во Белград, каде студенти кои ги блокираа околните факултети учествувајќи во акцијата „Застани Србија“, со која им се оддава почит на загинатите во несреќата во Нови Сад.
На објавените снимки се гледа како девојка стои на тротоарот пред семафор на раскрсницата, кога автомобил влета на тротоарот и ја удри.
Возачот не застанал, туку продолжил да вози носејќи ја девојката на покривот и по неколку секунди таа паднала од покривот на автомобилот на улица.
Возачот на автомобилот не останал на местото на инцидентот, туку побегнал.
Ново на Сител
-
Владата додели национални признанија на 19 спортисти за врвни достигнувања во спортот
-
ДУИ реагира зошто меѓу спортистите кои добија национални признанија нема Албанци
-
И пулмолози од Скопје ќе одат во кочанската болница - Од наредната недела почнува рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот
-
Странските влијанија и можноста за отпор против лажните вести
-
Експертска дебата по препораките на Брисел за реформи на Судскиот совет
-
Опасни карпи се дробат рачно и со механизација, делницата Дреново-Фариш наскоро во сообраќај
-
Преглед на вестите од светот
-
Научно-стручна распава по предлог-законот за Судски совет