Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада

Студентската листа за евентуалните вонредни парламентарни избори кои студентите во блокада во Србија ги бараат од мај, е 99 отсто комплетна. Можни само уште некои измени во зависност од договорот. Тоа денеска за ТВ Н1 го изјави Алекса Симиќ, студент на Факултетот за политички науки.
Симиќ додаде дека постојат најважни критериуми за таа листа и на неа нема претставници на опозицијата или на владејачката коалиција.
„На неа нема да има лидер, сакаме да се откажеме од култот на личноста што нè следи“, рече студентот.
Според него, тоа ќе бидат нови лица, луѓе кои претходно немале политички амбиции, кои можат да бидат „незагадени од политички контроверзии, интриги и злоупотреби“.
„Идеологијата не ни е сосема важна, туку луѓе кои немаат екстремистички ставови. Ни треба единство и покрај идеолошките разлики“, рече Симиќ, пренесе Бета.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот вечерва во државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, еден е активен, а 10 се изгаснати
-

Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постапка
-

Италија и Балканот се соочуваат со топлотен бран
-

Трамп: Состанок со иранските претставници ќе се одржи утре во Доха
-

СП2026: Досега 4.64 милиони гледачи
-

Уапсен еден од најмоќните мафијашки шефови во Европа, Дон Мико
-

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило, од нив двајца малолетници
-

Погребот на Владо Јаневски ќе биде одржан во среда на Градските гробишта во Бутел
