Субвенции од 2.000 денари месечно за сите средношколци од прва година од кривопаланечката гимназија
Општина Крива Паланка и следната учебна година ќе додели субвенции во висина од 2.000 денари, девет месеци во годината, за сите средношколци од прва година запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.
Оваа мерка е дел од буџетската програмата за образование усвоена со одлука на Совет на Општина Крива Паланка и предвидува во учебната 2025/2026 година секој запишан ученик во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ од Општината да добие по 2000 денари месечна субвенција за период од девет месеци.
Од Општината нагласија дека ова е само една од мерките со кои јасно се гледа нaмерата на Општинaта да им подаде рака на млaдите, a во овој конкретен случај, на идните средношколци.
- Продолжува финансиската поддршка за сите запишани ученици во прва година во СОУ „Ѓ.Петров“ во учебната 2025/26. Ваквата мерка за првпат беше воведена минататa година, така што, втора година по ред ги стимулираме нашите млади да останат да учат во својот роден град. Потребните документи за аплицирање се наведени во барањето за доделување месечна субвенција, објавено на општинската бев-страница www.krivapalanka.gov.mk , се наведува во објавата на Општина крива Паланка.
Крајниот рок за аплицирање е до 30 септември 2025 година.
Ново на Сител
-
Две лица сакале да му пратат дрога по пошта на затвореник во КП Штип
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд
-
Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
-
Српски државјани повредени откако возило излетало од патот Неготино - Демир Капија
-
Малолетник избоден со остар предмет од 16-годишник на „Партизанска„
-
Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија