Судењето за полицајците обвинети за работата на „Пулс“ закажано за во март
Дванаесеттемина полицајци кои се обвинети за незаконското работење на кочанската дискотека „Пулс“, на почеток од идниот месец, ќе седнат на обвинителна клупа во Кривичниот суд.. Ќе им се суди во две одделни постапки.. Деветмина од обвинетите се гонат за издавање позитивна согласност за вршење угостителска дејност, иако дискотеката го немала потребниот број на паркинг места..
Така, според обвинителството, две години по ред овозможиле „Пулс“ да добие лиценца, а работата на клубот да му донесе на сопственикот заработка од половина милион денари..
Во втората постапка ќе им се суди на тројца полициски службеници.. Обвинети се дека при контрола на објектот и утврдени неправилности во работењето, прекршочните пријави ги напишале на името на згаснатата фирма под кое претходно работелата кочанската дискотека..
13 полицајци пак Обвинителството гони како директни виновници за пожарот во Пулс.. Тие го направиле и го спровеле планот за акциска контрола во Пулс кој се одвивал ноќта кога се случил пожарот.. Употребата на пиротехника не била претходно пријавена, па полицајците кои се наоѓале во дискотеката, според обвинителстовото, должни биле да го спречат активирањето, но, тоа не го направиле.
Според одбраната, дел од полицајците имале други должности и не може да се обвинети за тешки дела против опшата безбедност..
Од кривичниот суд велат дека до крајот на неделата предметот ќе биде испратен до сите адвокати.. По добивање на нивните забелешки ќе следат оценка на обвинението и термин за почеток на судењето..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
