Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, влегува во фаза на изведување материјални докази. Обвинителствто, на брифинг со медиумите, денеска информираше дека утре се очекува во судницата во „Идризово“ да се започне со изведување на судско медицинските обдукциски наоди за причините на смртта на жртвите во пожарот.
Од Обвинителството посочуваат дека по изведувањето на обдукциските наоди и она што е констатирано, ќе биде повикано вештото лице кое ќе одговори на се она што не било одговорено или отворило прашања во јавноста.
-Почнуваме првично со обдукционите протоколи, каде ќе ги слушнете последиците, но и причините коишто придонеле, зошто не зборуваме само за пожарот и искрата на пожарот, туку и многу други поврзани дејствија на други лица кои ги докажуваме. Не е само оганот, туку и гасовите... целокупниот амбиент и во што се состои причината за смртта, беше посочено на денешниот брифингот со тимот обвинители кои го застапува обвинението.
Ова дело, како што беше нагласено, не е пожарот сам по себе, туку последицата, која е донесена од целокупната интеракција на сите клучни фактори како што е амбиентот, преполнетоста на дискотеката, вградените материјали, емисијата на гасовите и самата неможност за евакуација.
-Сметаме дека ако само еден фактор извлечеме, не можеме да ја добиеме целосната слика и кажеме, токму поради ова настана последицата и затоа ова обвинение се занимава со сите, а клучна поврзаница е преку причината за смртта – појаснуваат од Обвинителството.
Во однос на прашањето за цијанидот и што имало во крвта на жртвите, од Обвинителството посочуваат дека се е анализирано и ќе биде изнесено во судница од вештите лица.
-Тоа е опфатено со првичната наредба, тоа е се испитано и ќе биде изведено во судница од вештото лице – нагласуваат од Обвинителството, посочувајќи дека ова прашање било приоритет над приоритетите и од аспект да се утврди што вдишувале преживеаните за да пратат нашите здравствени власти навремена информација до сите центри каде што беа праќани на лекување.
Од Обвинителството не може да кажат колку рочишта ќе бидат потребни за изведување на материјалните докази, и тоа, како што посочи, зависи и од одбраната и дали и колку ќе има опструкции, но тоа е работа на судот да се грижи за економичност и ефикасност на постапката.
Видеоматеријалите што се предложени како докази, на денешниот брифинг беше посочено дека, нема целосно да се прикажуваат во судница, бидејќи делови од нив не се важни за обвинението.
-Сакаме секвенционално да бидат презентирани, да не се гледаат цели, туку само она што е битно за ова обвинение – појасни обвинителството.
Исклучувањето на јавноста, како што посочи обвинителството, ќе се бара во зависност од начинот на изведувањето на доказите и колку ќе се дозволи длабочина во изведувањето.
Обвинителството, информираше дека остануваат уште три-четири сведоци кои останува да бидат сослушани на утрешното рочиште, тие што од психички причини не може да бидат сослушани и еден што е во странство, за кои што важи можноста доколку не се достапни да се бара да се прочитаат нивните искази и да се почне со изведување материјални докази.
Судскиот процес започна на 19 ноември минатата година, по што во судницата во КПУ „Идризово“ во Скопје, беа сослушани сослушани родителите, преживеаните, гости во клубот, инспектори, претставници на институции и општина Кочани, како и членовите на бендот, кои настапувале таа вечер.
Судењето го води судијката Дијана Грувеска Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
-

Мицкоски: Очекувам реалната нето-плата и годинава да биде во позитива, во 2024 година растот беше над 12 отсто, а во време на СДСМ беше во негатива
-

ЦУК: Три активни пожари на отворен простор во земјава до 13:00 часот
