Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за ДПИ

Со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Судењето се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште Обвинителството, презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а кои се однесуваа на лиценцирањето на дискотеката.
Со изведување на докази започна обвинителката Наташа Сарамандова, за кои рече се однесуваат на релевантни околности како започнала работата на објектот, иако притоа не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот, но продолжи друг обвинител откако одбраната до Судот поднесе барање за изземање на Сарамандова, поради, како што наведе "пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење".
По ова, родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс" во Кочани во знак на револт доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

Воениот врв на НАТО, од Скопје најави оптимизација на мисијата на КФОР
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
