Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Досега, обвинителството презентираше докази за инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и документација за вршење заеднички инспекциски и теренски надзори. Обвинителството приложи и решенија за вработување овластени градежни инспектори, кои според нив се релевантни за утврдување на надлежностите и одговорностите во периодот пред пожарот.
Воедно, беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на Дирекцијата за заштита и спасување, потпишани со името на Шабан Салиу кој од 2012 до 2017 бил директор на институцијата.
На едно од рочиштата беа презентирани и докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“, кои се однесуваа на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс", планот за надзор и обезбедувње, дозвола за работа, листа на вработени, како и доказен материјал обезбеден од извршени претреси во канцеларии и возила.
Претходно, Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот - целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс“.
Во судницата беа изведени и документи за правниот статус на објектот согласно урбанистички планови, геодетски елаборати, барање за легализација од 2011 година за делот од објектот кој се третирал како бесправен објект, записници од извршени надзори, договор за закуп, барање за легализација, но и записник од одземени предмети и документи во дискотеката по пожарот.
Беа презентирани и фотографии од внатрешноста на дискотеката Пулс по реновирањето, а обезбедени од вештачењето на телефонот на првообвинетиот Дејан Јованов, за кои Обвинителство нагласи дека нема никаква официјална документација.
Од материјалните докази поврзани со Општина Кочани и дискотеката беа презентирани записник од извршен вонреден надзор, при што се утврдени неправилности - за објект со одобрение за лесна индустрија повеќе години се користи како објект за угостителска дејност дискотека и за истиот нема одобрение за пренамена, потоа Барање за неиздавање лиценца за работа од Општина Кочани од 2012 година со известување дека претходното известување од Општината е дека паркинг просторот се однесува за објекти за лесна индустрија, а не за ноќен клуб, и барање од 2012 година од Општина Кочани до Министерството за економија дека имаат информации дека компанијата Класик ТП поднела барање за лиценца за дискотека и да бидат известени во врска со тоа.
Одбраната реагираше дека дел од доказите се прибавени на незаконит начин и не треба да бидат изведени како докази, како и на самата законитост на прибрани докази.
Обвинителство презентираше и Записник за пронајдени и одземени предмети откако се овозможиле услови за тоа на лице место на настанот - од лични документи, лап топи, каса со пари и други предмети, меѓу кои беа посочени 140 билети на кочан за влез во дискотеката Пулс, Договор за патролно осигурување меѓу Рубикон секјурити солушнс и ММММ Кафе ДООЕЛ, Известување за вршење дејност и записник од извршен инспекциски надзор за безбедност и здравје при работа во дискотеката.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туризам
-

Родителите на жртвите од „Пулс“ ја напуштија судницата по барањето за изземање на обвинителката Сарамандова
-

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за лиценцирањето на објектот
-

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
-

Проблеми за автомобилот налето и како да се решат навреме?
-

Белград е меѓу најскапите европски градови за самци - киријата одзема најголем дел од заработката
-

На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта и кога КТ и МР не покажуваат промени
