Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески

Со дополнителни и вкрстени прашања на одбраната за вештакот Петре Русески денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Пред почетокот на денешното рочиште, Александар Наунов, родител на едно од загинатите деца, во име на семејствата, изрази поддршка за Јавното обвинителство и за неговото постапување при вкрстеното испитување на вештакот на одбраната, оценувајќи дека со нив на претходното рочиште биле изнесени на виделина сериозни противречности во неговиот исказ.
Наунов посочи дека е важно стручните тврдења да се засноваат на објективни и проверливи сознанија и порача дека судската постапка не е само за утврдување правна одговорност, туку и борба за вистината и правдата за 63-те загинати.
- Во судница во која се одлучува за одговорноста за изгубени човечки животи, не смее да има простор за релативизирање на фактите, за селективно толкување на доказите или за обиди вистината да се прикаже поинаку од она што навистина се случило. Затоа, ваквиот пристап на обвинителството заслужува поддршка, со очекување дека истата доследност, решителност и професионалност ќе продолжат до целосното расветлување на трагедијата. Но, зад сите правни аргументи, вештачења, докази и судски рочишта стои една неизмерна човечка болка. Стојат 63 прерано згаснати животи. 63 насмевки што никогаш повеќе нема да ги видиме, 63 неостварени соништа и иднини кои сурово беа прекинати - изјави Наунов.
На претходното рочиште, Русески, кој го изработил градежното вештачење за првообвинетиот Дејан Јованов и уште двајца обвинети, остана на ставот дека од градежен аспект објектот одговорил на својата намена и дека изведените зафати претставувале градежно-занаетчиски работи.
Обвинителството, пак, отвори прашања за опфатот на неговото вештачење, безбедносните аспекти на објектот и претходните професионални ангажмани.
Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи за време на концерт на групата ДНК, на 16 март 2025 година, кога загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
