Судењето за „Штекли“ продолжува со сведочење на вешти лица за психолошката состојба на Раде Трајковски
Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, продолжува денеска пред Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на вешти лица на Обвинителството за психолошката состојба на Раде Трајковски.
На претходното рочиште сведочеше вештото лице на одбраната, психијатарот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, кој го оцени обвинетиот Раде Трајковски – Штекли како психотичен, со шизофрени карактеристики. Според проценката, Трајковски покажува верување во реинкарнација и фиктивни личности кои му „наредуваат“ како да постапува, што според одбраната го прави неспособен да ја следи судската постапка.
Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи вештите лица од двете страни пред да донесе одлука дали ќе се прифати едно од вештачењата или ќе се нареди ново.
Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.
Четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков, исто така, поднесоа предлог за признавање вина, по што судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.
Според обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.
МИА
Ново на Сител
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае
-
Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка
-
Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“
-
Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се предобри
-
Сигурни победи за Италија и Франција на стартот од квалификациите за СП 2026