Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници

Изборот за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението ќе се спроведе на 29 јануари годинава.
Судиите на непосредни избори ќе гласаат за еден од шестмината кандидати: Африм Јакупи (судија на Апелационен суд Гостивар), Садула Иазири (судија на Основен суд Тетово), Улбер Хасани (судија на Основен граѓански суд Скопје), Хасан Асани (судија/претседател на Основен суд Тетово), Џемали Саити (судија на Врховен суд) и Шпреса Граинца Османи (судија на Основен кривичен суд Скопје).
Право на глас имаат сите судии запишани во Судскиот изборен именик. Гласањето започнува во 8 часот и трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава, по што на јавна седница се објавуваат резултатите.
Претседателката на Комисијата за подготовка на кандидатски листи, судијката Данка Ристова, која е член на Судскиот совет, на денешната седница на Советот, информираше дека до Комисијата пристигнале седум пријави, кои биле навремени и комплетни, и сите биле позитивно оцненети, но судијата Неџат Мемети, од Основен суд Куманово со писмен поднесок ја повлекол пријавата.
За претседател на Комисијата за спроведување на изборот, Судскиот совет го избра судијата Осман Шабани, од Апелациониот суд Скопје, а за негов заменик судијата од Основниот кривичен суд Скопје Илија Трпков.
Огласот за избор на член на Советот од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението, Судскиот совет го објавен на 20 ноември 2025 година.
Изборот е на местот на судијата Ханиф Зендели, од Апелациониот суд Гостивар, чиј шестгодишен мандат истекува. Зендли за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението беше избран на 22 јануари 2020 година.
Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.
МИА
Ново на Сител
-

Крис Браун призна вина и избегна затвор во Вeлика Британија
-

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс” и поврзаните фирми
-

Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови
-

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата
-

Претседателката на косовското Собрание, Аљбуљена Хаџиу, во посета на Парламентот
-

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година
-

Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД
-

Путелас и Кејн добитници на „Златната топка“ за 2026 година
