Македонија
30. January 2026 - 16:36

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет

Судијата Садула Изаири од тетовскиот суд е новиот член на Судскиот совет. Доби најголема поддршка од колегите судии, односно за него гласаа 179 судии од вкупно 390. Со неговиот избор се пополни и местото во Судскиот совет од редот на судиите припадници на етничките заедници кои се над 20% во државата. За да се комплетира Судски, недостига уште еден член, кој треба да го избере Собранието.

Претседателот на Судски, Александар Камбовски вели речиси 70% се нови членови, а процесот да се врати довербата во ова тело не е едноставен и не може да се случи преку ноќ. Од новиот состав очекува да биде отчетен и транспарентен.

Новиот тим членови треба да донесе свежина во Судскиот совет, за да се спроведуваат повеќе реформи, да се врати довербата во ова тело и да се покаже интегритет на членовите при носењето одлуки,  но и да почне да се применува новиот закон за Судски совет, сметаат аналитичарите на правосудниот систем.

На изборот на судијата Изаири, му претходеше и изборот на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска и професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Советот, кои беа по предлог на претседателката.
Како едно од клучните тела во судскиот систем, Судскиот совет е задолжен за изборот и разрешувањето на судиите и претседателите на судовите, како и за следење и оценување на нивната работа.