Судот за спортска арбитража во април ќе ја разгледа жалбата на ВАДА за Синер

Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана денеска соопшти дека ќе ја разгледа жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) во врска со случајот со најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер, на 16 и 17 април годинава.
Во соопштението на КАС се наведува дека рочиштето за овој случај ќе се одржи зад затворени врати, бидејќи ниту една од заинтересираните страни не побарала јавна расправа. КАС не објави кога ќе биде донесена конечната пресуда.
Синер беше позитивен на забранетата супстанца клостебол за време на натпреварување на Мастерсот во Индијан Велс во март минатата година. Италијанскиот тенисер осум дена подоцна повторно беше позитивен кога беше анализиран примерок вон конкуренција.
Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) привремено го суспендираше Синер двапати поради овие резултати, но Италијанецот и двата пати успешно поднесе жалба до независен судија на трибуналот и му беше дозволено да продолжи да се натпреварува.
На 20 август ИТИА објави дека Синер нема да биде суспендиран откако независна комисија утврди дека нема вина или невнимание на италијанскиот тенисер во овој инцидент.
ИТИА тогаш изјави дека според правилата, Синер ќе изгуби 400 поени на АТП листата и парична награда од 325.000 долари што ги освои на Мастерсот во Индијан Велс.
ВАДА потоа поднесе жалба до Судот во Лозана на крајот на септември, барајќи забрана од една до две години за најдобриот светски тенисер.
Ново на Сител
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
