Loading Video...
Фудбал
18. February 2022 - 11:27
Супер ефикасни дуели во првата нокаут рунда во Лига Европа
Супер ефикасно беше во првите натпреваро од првата нокаут фаза во Лига на Европа
Од македонските претставници, само Бобан Николов со својот тим Шериф Тираспол се радуваше на победа. Во дуелот пред својата публика Шериф славеше со 2-0 против португалската Брага.
На дербито на „камп Ноу“, каде Елиф Елмас гостуваше со Наполи кај Барселона, немаше победник. Средбата заврши нерешено 1-1, откако по акцијата на Елмас, голот за Наполи го постигна Зијелински, додека во вториот дел од пенал Феран Торес кој пропушти и неолку големи шанси да и донесе победа на Барса.
Во улога на асистент беше и Стефан Ристовски кој заедно со Аријан Адеми гостуваа кај најтрофејниот клуб во ова натпреварување Севиља. Шпанскиот тим славеше победа над Динамо со 3-1.
Најефикасниот натпревар се одигра во Дортмунд, каде Борусија загуби од Глазгов Ренџерс со 2-3. Гостинска победа славеше и Бетис против Зенит со 2-3, додека со идентични 2-1 за домаќините, завршија дуелите Аталанта – Олимпијакос и Порто – Лацио, додека Лајпциг и Сосиедат одиграа нерешнео 2-2.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->