Македонија
26. April 2021 - 12:42

Сува марина во Охрид

Каналот Студенчишта претесен за пловилата. Нема место за закотвување на скапите јахти, глисери, чамци и едрилици. И додека се чека изградбата на марина која се најавува години наназад и е повеќе од неопходна, ЈП Билјанини Извори како алтернатива ова лето на сопствениците им нуди сува марина каде ќе може да се чуваат 30 тина приколи и пловни објекти, локација која ќе има постојана чуварска служба.

Ќе се уредува и просторот за сидрење на пловни објекти пред мостот кај Студенчишта се со една идеја овој дел да прерасне во место каде ќе се равива спортот на вода.

Од ЈП Билјанини Извори најавија дека хаварисаните бродови и чамци кои во неколку наврати со испуштање на нафта го загадуваа каналот и рибниот фонд се отстранети. 

Инаку каналот Студенчишта беше  еден од предлозите за изградба на марина, но на тоа се спротиставија екологистите.