Македонија
12. August 2025 - 20:44

Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Прес службата на Владата известува дека, 13.08.2025 година (среда) ќе се одржи одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

По тој повод со почеток во 10:00 часот во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи свечена седница на која ќе се обрати, Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија“, се вели во владиното соопштение.

Настанот ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук“ и Јутуб“ каналот на Владата.

 

МИА