Светски ден на предвремено породување
Родено во 23 гестациска недела е најмладото предвремено родено и преживеано бебе во Македонија. Неонатолозите велат не е важно само да остане живо туку да има и квалитетен живот. Станувањето мајка после 36-тата година, стресот и начинот на живот и ин витро оплодувањето се само дел од причините зошто и кај нас како и во светот расте бројот на породувања пред термин.
-И од друга страна се зголемува и преживувањето што особено не радува. Медицината оди напред, направени се многу можности има многу нови техники и методи за преживување. Но не е важно само преживувањето, туку и каков квалитет ќе има – сакаме преживување без или со минимални последици, вели проф. д-р Силвана наунова Тимовска претседател на здружение на неонатолози.
Предвремено родените бебиња не само што имаат посебен медицински третман, туку и негата на нивната кожа според неонатолозите е исклучително важна. Најдоа партнер во брендот Бекутан а тоа го докажале и со клиничко испитување на производите на 300 бебиња, кои претходно имаат и сертификат за безбедност од европска лабораторија.
-Сумираните резултати ги дадоа и нашите клинички искуства кои ги имавме во овие 5 институции каде што студијата се правеше кај 300 новородени деца. Покажа дека имаме безбедни и ефикасни средства за заштита на кожата на новороденчињата вклучително и на предвремено родените каде акцентот за заштита и нега е особено важен, вели прим. Д-р Марина Поп Лазарова, педијатар
Денеска се одбележува Светскиот ден на предвремено породување. Во светски рамки годишно се раѓаат околу 15 милиони недоносени деца.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
