Македонија
17. August 2026 - 16:52

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините

61 годишен жител на Драчево викендот починал од компликации од западнонилска треска на Инфективна. Ова е трет смртен случај за една недела од вирусната инфекција која ја пренесуваат комарците. На Клиниката на болничко лекување во мометот има 16 пациенти со воспаление на мозокот, а 6- мина се во критична сосотојба на интензивна нега.

- Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега се на возраст над 60, но кај инфицирани пациенти со невроинвазивна форма, најмладиот пациент кој е хоспитализиран е 25-годишен, но е во стабилна здравствена состојба и е во Одделот за невроинфекција, д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести.

Министерот за здравство информираше дека биле известени сите инфективни одделенија и матични лекари за рано препознавање на симптомите и соодветно лекување на пациентите. По состанокот со претставници на надлежните институции, Клековски најави дека деновиве фокус ќе биде ставен на прскање против комарци од земја во регионите каде има случаи со западнонилска треска.  Тој посочи дека ДСЗИ деновиве ќе излезе со извештај од контролите дали општините годинава ја извршиле задолжителната десинсекција.

- Студеничани воопштои нема прскано, таму има 2 случаи. Илинден има 3 пати прскано, а таму имаме 3 случаи. Препаратите кои се користат се според листата препорачана од СЗО, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.

Од опозициската СДСМ преку соопшение реагираат дека прскањето против комарци е задоцнето.

Здравствените власти повикаа на поголема лична заштита на граѓаните и да не чуваат застоена вода во близина на домовите, бидејќи екот на епидемијата се очекува до крајот на месецот и во септември. Надлежните апелират и сите кои ќе забележат уггината птица во близина на мочуриште да пријават во АХВ  бидејќи дури 250 видови на птици меѓу кои и гавраните се резервоар на западнонилскиот вирус.