СВР Битола поднесе кривични пријави за лица што возеле автомобил без положен возачки испит

СВР Битола поднесе кривични пријави и лиши од слобода лица од општините Битола, Демир Хисар и Крушево, кои при сообраќајна контрола се затекнати без возачка дозвола затоа што не положиле возачки испит. Највозрасниот е битолчанец на 43 години.
Од СВР Битола информираа дека вчера во 15:33 часот на улица „8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.М.(43) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Е.М. и било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило”.
Полициски службеници на ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода А.И. (39) од селото Норово, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа ромео“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека истиот возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено. Од слобода е лишен и Ш.Б. (34) од битолското село Острец кој возел патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и при контрола било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
Во билтенот на СВР Битола регистриран е и М.А. (24) од Демир Хисар кој вчера во 14:31 часот возел на патот Битола-Демир Хисар, а кај селото Кукуречани, при контрола во сообраќајот, полициски службеници го сопреле патничкото возило „бмв“ со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На сите лица им се поднесени кривични пријави, потврдија од СВР Битола.
МИА
Ново на Сител
-

Усвоен извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување од 1 јули до 31 декември 2025 година
-

Зафировски: Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите и во интерес на нашите граѓани
-

Автобус во движење изгоре на автопат кај Солун
-

Николоски: Потребно е ЕК да имплементира мерки кои ќе обезбедат непречена работа на транспортните компании
-

Млин приклучен на трафостаница копал биткоини во Бутел, сметката 260.000 евра
-

Камбовски: Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов
-

Сиљановска-Давкова на World Governments Summit 2026 во Дубаи - глобална платформа за дијалог, идеи и визии за иднината на управувањето
-

Дурмиши: Ќе поддржиме се што ќе договорат синдикатите и работодавачите за минималната плата
