СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Секторот за внатрешни работи Штип информира дека во изминатиот период е забележан зголемен број пријави за кривични дела „измама“ и „обид за измама“, при што најчесто на мета се повозрасни граѓани.
- Зголемен е бројот на случаи кога непознати лица од странски телефонски броеви се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини и слично имаат повреди и треба да им се изврши итна операција за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда да им исплатат одредена сума на пари-соопштуваат од СВР-Штип.
СВР Штип ги известува граѓаните доколку во случај да добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите.
Инаку, во штипскиот Основен суд на 20 мај беше изречена казна затвор од пет години и шест месеци за П.С. од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на наивните граѓани успеал да им земе 56.000 евра.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
