СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10

Директорката на Одделот за подготвеност и превенција од епидемии и пандемии при Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керхове, денеска изјави дека во САД е потврдено дека лицето кое имало нејасен резултат на тестот, подоцна било негативно на хантавирус, со што вкупниот број на случаи во светот е намален од 11 на 10.
Ван Керхове рече дека претходниот извештај на агенцијата вклучувал едно лице со неодреден резултат на тестот, а станувало збор за лице од САД.
-Подоцна добивме потврда од САД дека тоа лице било негативно – истакна таа.
Во САД се следи здравствената состојба на 41 лице поради можност да се заразени со хантавирус, соопшти вчера американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Од тие лица е побарано да останат дома и да избегнуваат контакт со други луѓе за време на 42-дневниот период на следење.
Лекарот кој раководи со ситуацијата со хантавирусот во ЦДЦ, Дејвид Фитер, рече дека сите потенцијално заразени лица доаѓаат од „три главни групи“.
-Тоа се патници кои неодамна се вратени и се наоѓаат во Небраска и Емори, потоа патници кои го напуштиле крузерот и се вратиле дома пред да биде воочена епидемијата, и трето, оние кои можеби биле изложени на вирусот за време на патувањето, особено на летовите каде што биле присутни симптоматски случаи – рече Фитер.
Епидемијата на смртоносниот хантавирус (андски сој) изби на холандскиот крузер „MV Hondius“ во април оваа година, додека беше на пат од Аргентина кон Зеленортските Острови, а СЗО предупредува дека се очекува пораст на бројот на случаи поради долгиот период на инкубација (шест до осум недели) и блискиот контакт на патниците.
МИА
Ново на Сител
-

Дојран ја подготвува првата инклузивна плaжа во државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
