СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа

Повеќе од 1.300 луѓе починаа како последица на топлотниот бран што ја зафати Европа од 21 јуни, соопшти денеска Светската здравствена организация (СЗО).
„Од 21 јуни се регистрирани повеќе од 1.300 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури во Европа“, објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека околу 150 милиони луѓе во моментов живеат во услови на екстремни горештини, стотици лица починаа, училиштата се затворени, а електроенергетските мрежи се под огромен товар.
Во Чешка денеска беше измерен втор последователен дневен температурен рекорд, откако во Доксани, северно од Прага, беа регистрирани 41,1 Целзиусов степен, соопшти Чешкиот хидрометеоролошки институт.
„Ова е првпат официјално да регистрираме температура над 41 степен во нашата мрежа метеоролошки станици. Температурата сè уште расте, така што ова веројатно нема да биде највисоката измерена вредност“, се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Мисајловски: Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) - пример за регионална одбранбена соработка врз споделени вредности
-

Мицкоски: Имаме убедливо најниска цена на горивото, остануваме посветени на таа политика
-

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“
-

Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк
-

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе ја унапредува физичката подготвеност на војниците
-

Мицкоски за Изборниот законик: Не сум оптимист, затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата
-

Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
-

Поранешниот директор на СОЗР со владин авион и службена картичка патувал и плаќал за приватни потреби
