СЗО со порака до Трамп: Обезбедуваме клучна заштита за САД од закани
Светската здравствена организација (СЗО) денеска истакна дека обезбедува клучни услуги кои ги заштитуваат САД од здравствени закани, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја повлече земјата од оваа агенција на Обединетите нации.
СЗО ги заштитува САД преку софистициран здравствен разузнавачки систем кој работи на откривање, карактеризирање и проценка на заканите во реално време, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, пред новинарите во Женева..
Претходно денеска СЗО донесе одлука за „замрзнување“ на вработувањата и значително намалување на трошоците за патувања како одговор на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од организацијата, кои се нејзиниот најголем финансиски донатор, се наведува во интерна порака испратена до персоналот.
„Како што знаете, Соединетите Американски Држави објавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе го преиспита својот став“, напиша генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, во пораката до вработените, пренесува „Политико“.
Тој истакна дека одлуката на САД дополнително ја влошила финансиската состојба на организацијата и предизвикала значителна загриженост и несигурност меѓу вработените.
Ново на Сител
-
Русија со балистичка ракета ја нападна Одеса
-
Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани
-
ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола
-
Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани
-
Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија
-
Лазаров: Разочаран сум од толку промашувања
-
Захарова: Европските лидери што го поддржуваат Киев се „мутирани џуџиња“
-
Собири против блокадите закажани за денеска во над 100 градови низ Србија