Тајани: Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека меѓународната заедница не смее да има дилеми во однос на иранската нуклеарна програма, нагласувајќи дека Иран не смее да се стекне со нуклеарно оружје, пренесе агенцијата АНСА.
– Кога се соочуваме со нуклеарна закана, не може да има простор за двосмисленост. Иран не смее да добие атомска бомба, рече Тајани за време на сослушување пред заедничките одбори за надворешни работи на италијанските Долен и Горен Дом. Тој додаде дека оваа порака му ја пренел на израелскиот претседател Ицак Херцог, повторувајќи го правото на Израел да го гарантира својот опстанок со заштита од потенцијален нуклеарен напад.
Тајани откри дека израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац му соопштил дека одлуката за започнување на воената операција била базирана на разузнавачки податоци што укажуваат на „сериозна и непосредна егзистенцијална закана“, не само за Израел, туку и за целиот регион и меѓународната заедница.
– Според израелските проценки, Иран би можел да поседува десет нуклеарни боеви глави и над 2.000 ракети подготвени за лансирање за помалку од шест месеци, изјави Тајани.
Тој ја опиша ситуацијата како „апсолутно алармантна“, повикувајќи се на најновиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кој констатира дека Иран ги крши обврските за збогатување на ураниум.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај