Тајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот
Тајланд регитрира над 50.000 нови случаи на Ковид19 за само една недела, при што здравствените власти предупредуваат дека порастот, поттикнат од видот Омикрон XEC, кој бргу се шири, сè уште не го достигнал својот врв.
Според Џурај Вонгсават, портпаролка на Одделот за контрола на болести, меѓу 11 и 17 мај биле забележани 49.065 случаи, а уште 12.524 нови случаи се пријавени од 18 мај, објави „The Nation“.
XEC, една од најновите подвидови на Омикрон, се верува дека е примарна причина за скокот, и се шири седум пати побрзо од сезонскиот грип, според Министерството за јавно здравје на Тајланд, објави „Bangkok Post“.
Сепак, стапката на смртност останува ниска, околу 0,02 отсто поради високиот степен на вакцинација и пристапот до антивирусни лекови, забележа Џурај.
И покрај благата сериозност за повеќето пациенти, официјалните лица ја повикуваат јавноста да помогне во заштитата на ранливите групи, вклучувајќи ги постарите лица, оние со хронични болести, бремените жени и малите деца.
– Луѓето со респираторни симптоми треба да останат дома, да се самотестираат и да побараат лекарска помош доколку се позитивни, советува Џурај.
Се очекува актуелниот бран да продолжи уште два до три месеци, но стапката на инфекции може да се намали порано доколку луѓето одржуваат строга лична хигиена и превентивно однесување.
Додека Тајланд воведува бесплатни вакцинации против грип за ранливите популации меѓу мај и август, бустер дозите за Ковид19 нема да бидат обезбедени бесплатно. Лицата со висок ризик се охрабруваат да се консултираат со медицински професионалци во врска со подобноста за бустер доза.
Во Банкок моментално има најмногу заразеаи со Ковид19 и со грип
Ново на Сител
-
Во Србија просечната плата во март била 920 евра
-
Мукаетов: Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ
-
Приведен 71-годишник, управувал со возило со 1,64 промили алкохол во крвта
-
Во грчкиот град Катерини уапсен македонски државјанин за извршено убиство во земјава пред 28 години
-
Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14
-
Мицкоски: Владата презема повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето
-
Нова блокада на судот во Нови Сад
-
Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд