Македонија
10. August 2025 - 13:55

Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници

На 09.08.2025 во 14:10 часот во СВР Струмица, И.Л.(66) од Гевгелија пријавил дека околу 16:00 часот на работното место како такси возач, од Гевгелија до с.Градско Балдовци, струмичко, превезол четири патници, од кои двајца мажи, една жена и едно дете, а откако пристигнале, бил физички нападнат од двете машки лица, кои му одзеле пари и два мобилни телефони.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.