Таксистите во Грција започнаа штрајк на неодредено време

Таксистите во цела Грција, организирани од нивната федерација утрово започнаа штрајк, што ќе трае во следните денови, односно, како што соопштија, сè додека во Парламентот на надлежната комисија се разгледува новиот закон од Министерството за транспорт за кој имаат низа несогласувања, јави дописничката на МИА од Атина.
Засега не е точно одредено колку време ќе трае штрајкот, а планиран е прекин со работа и на денот кога конкретниот закон ќе биде донесен на гласање.
Како што соопштија од Грчката федерацијата на такси возачи, не се согласуваат со одредбите од законот што се однесуваат на задолжителната замена на возилата во Солун и Атина со целосно електрични, како и одредбите со кои, како што велат, им даваат предност на приватните возила со возач.
Таксистите во Солун и Атина штрајк одржаа и на средината на февруари, што траеше два, односни три дена, а воедно беше и четврти во период од еден месец.
МИА
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
