Танчерка бара 20 милиони долари од Крис Браун - го обвини дека ја дрогирал и силувал
Неименувана жена го обвинува раперот Крис Браун дека ја дрогирал и силувал на јахта на Флорида во 2020 година, и бара отштета од 20 милиони долари од пејачот добитник на „Греми“.
Тужбата ја поднесе неидентификувана професионална танчерка и музичарка, која во правните документи е именувана под псевдоним „Џејн До“.
Нападот, наводно, се случил на јахта во декември 2020 година во Мајами, Флорида.
Во граѓанската тужба се наведува дека таа била поканета од Браун да се сретне со него на островот Стар, Флорида, во домот на раперот Шон Комбс. Кога пристигнала, се качила на јахта и ја прифатила понудата на Браун за пијалок додека разговарале за нејзината кариера.
По вториот пијалок, жената наеднаш почнала да се чувствува дезориентирана и физички нестабилна , се наведува во тужбата. Наводната жртва тврди дека Браун ја одвлекол во спалната соба, и ги соблекол бикините и имал секс со неа без нејзина согласност.
На својот Инстаграм-профил, Браун напиша: „Се надевам дека го препознавате овој шаблон. Секогаш кога објавувам музика или нов проект, „тие“ измислуваат приказни. Тој додаде емотикон сина капа, што се користи како сленг за лаги.
Медиуите потсетуваат дека пред една деценија Браун беше притворен откако брутално ја претепа пејачката Ријана. Инцидентот брзо стигна на насловните страници на светските медиуми, каде беше објавена фотографија од нејзиното помодрено лице. На судењето, тој се изјасни за виновен за физички напад врз Ријана со која беше во врска во 2009 година.
Откако го призна делото, доби условна затворска казна, а минатата година повторно беше под истрага откако една жена го обвини за насилство.
Ново на Сител
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
