Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив

Танкер во Ормуската Теснина денеска е погоден од две експлозивни направи прикачени на чамец, предизвикувајќи пожар во машинскиот оддел и привремено онеспособувајќи го бродот, објави Британската агенција за поморска трговија (UKMTO).
Екипажот е безбеден, нема последици врз животната средина, а пожарот е изгаснат, се наведува во последното известување на UKMTO, во кое се наведува дека бродот продолжил да плови кон своето следно пристаниште.
Инцидентот се случи вчера, на 25 наутички милји североисточно од оманскиот град Хасаба, објави UKMTO.
Сè уште не е познато кој стои зад овој напад.
Инцидентот се случи во услови на чести напади врз трговски бродови во и околу Ормуската Теснина, кои продолжуваат од избувнувањето на конфликтот меѓу САД и Иран во февруари.
Иран ги гаѓа бродовите за кои вели дека ги кршат неговите ограничувања за премин низ стратешкиот воден пат, обидувајќи се да воспостави контрола врз мореузот и да изврши притисок врз Вашингтон.
Ризиците по поморската безбедност во теснината ескалираа за време на конфликтот, при што нападите врз трговски бродови ја нарушија пловидбата на една од најважните светски рути за извоз на нафта.
МИА
Ново на Сител
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
