Тапкаат во место разговорите за Законот за обвинителство
Нема поместување во позициите меѓу власта и опозицијата за законот за обвинителство. На поведок нема ни нов состанок на работната група на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Разликите остануваат за тоа што е договорено на последната лидерска средба на Заев со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. И двете страни не знаат дали законот би можел да се донесе до 15 октомври, пред европскиот самит како што се очекуваше.
Власта инсистира на поделба на обвинителството за организиран криминал и ново обвинителство за висока корупција чиј прв човек би го предлагал опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ пак бара едно единствено обвинителство. Меѓусебно се обвинуваат за тоа кој го кочи процесот.
Денеска пак, почнуваат средбите на работната група меѓу власта и опозицијата за измени на изборниот законик. Ќе се за ажурирање на избрачкиот список, финансирање на изборната кампања и медумското претставување, но ќе бидат отворени и политичките прашања за избори. Власта ќе застане за предлогот за една изборна единица и отворени листи, а се размислува и на целосна професионализација на Државната изборна комисија.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
