Таргет-тврдина во рацете на нов судија, завршни зборови за Титаник 2
Завршни зборови во повторената постапка за случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности од локалните во 2013.
Обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, членови на тогашниот состав на ДИК кои се товарат за злоупотреба на службената положба и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков кој е обвинет за примање награда за противзаконито влијание. Делото на Мијалков во овој случај застарува во април годинава. Обвинителот Бубевски побара од судот да бидат прогласени за виновни и за секој од нив да се земат предвид и олеснителните околности.
Во завршните зборови Тачи тврдеше дека нема ниту еден доказ дека земал пари или имал некоја придобивка за да биде обвинет. Одбраната на поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими вината ја префрли на Управниот суд кој е надлежен за одлучување по приговори откако биле поднесени тужби од партиите.
Судската постапка почна од почеток бидејќи Апелација ја поништи пресудата по што обвинителството го допрецираше обвинителниот акт. Во меѓувреме предметот „Таргет Тврдина“ е доделен на нов судија, Илија Трпков кој ќе го води повтореното судење за овој случај во кој се обвинети екс директорот на УБК Мијалков, поранешната министерка за внатрешни Јанкуловска и поранешни вработени во МВР и УБК за злоупотреба со нелегално прислушување. Првостепената одлука беше поништена од Апелација.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
