Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка

Иако во Македонија е осуден на 12 години и шест месеци затвор и по него сè уште е активна потерница, Симеон Михаилов се појави на бугарска телевизија, каде зборуваше за случајот со неговата ќерка Ива Михаилова од Кочани.
Михаилов бил дел од случајот „Детонатор“ и бил осуден за дела поврзани со обид за убиство, злосторничко здружување и насилство. Првично му била изречена доживотна казна затвор, која во понатамошната судска постапка била намалена.
Во текот на постапката тој ја напуштил Македонија, а во 2014 година бил екстрадиран од Италија, каде претходно бил уапсен по меѓународна потерница. Подоцна повторно станал недостапен за македонските органи.
Неговото појавување во бугарските медиуми е поврзано со судскиот процес против неговата ќерка Ива Михаилова, на која во Кочани ѝ се суди за сообраќајна несреќа со смртни последици. Таа на првото рочиште се изјаснила дека не е виновна.
Случајот со Михаилова во изминатиот период предизвика реакции и во Бугарија, а нејзиниот татко сега јавно зборува за нејзиниот третман во Македонија, иако македонските власти го бараат за издржување на правосилната затворска казна.
Ново на Сител
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
