Македонија
15. April 2026 - 15:32

Татко се самозадоволувал пред синот и го наведувал да гледа порнографска содржина и да самозадоволува

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 54-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред неговиот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

 

МИА