Тече сезонската вакцинација на истокот
Зголемен интерес за вакцинирање против сезонски грип бележи Центарот за јавно здравје од Кочани меѓу граѓаните од ризичните групи, за кои се обезбедени бесплатни вакцини. На вакциналниот пункт просечно дневно се имунизираат околу сто лица. Овој број е двојно поголем заедно со лицата опфатени со имунизација што се спроведува и во пунктовите во Виница, Берово, Пехчево и Делчево, а кои се под надлежност на кочанскиот Центар за јавно здравје.
- Центарот за јавно здравје работи на регион со околу 120 000 жители, каде очекуваме годинава да има над 2500 аплицирања на вакцини. Во зависност од барањата имаме можност да аплицираме и поголема бројка, зашто секоја нова апликација е борба против замавот на грип кој би бил ако не се врши никаква имунизација. Секоја година бројката на вакцинирани расте и сметам дека на тој начин се броиме против сезонскиот грип, изјави Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје во Кочани.
Дополнително можноста за превентивна заштита со комерцијални вакцини ќе ја искористат и неколку стотини граѓани кои не се во субвенционираните категории. Имунизацијата се спроведува со четиривалентна вакцина, одобрена од СЗО, а е наменета за заштита од одредени типови грип што претходната година биле доминантни во регионот.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар