Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера
ТЕХНОЛОШКИ ПАРК „N99“ ПОЧЕТОКОТ НА ЕДНА НОВА ЕРА
Ова не е сцена од футуристички филм, ова е зградата на новиот технолошкио парк Н99. Ова е прв ваков простор во Македонија но и регионот каде ќе се креира иднината. Технолошки парк каде идеите ќе се судрат за да се родат нови иновации. На влезот во првата лабораторија ќе ве пречека новиот хуманоиден робот Алшар 2.
Алшар 2 ќе биде првиот професор, предавач од овој вид.
Четвртата индустриска револуција не е веќе предвидување таа е реалност во нашата држава вели раководителот на технолошкиот парк. Ова ќе биде креативен, технолошки современ простор отворен за сите студенти, ентузијасти, професори, стартапи и професионалци од индустријата каде вмрежaно ќе создаваат решенија за проблемите од секојдневното живеење, визија и одговори за глобалните предизвици.
Идејата за револуционерниот технолошки парк е на основачот на првиот приватен универзитет АУЕ ФОН. Технолошкот парк има склучено договори со повеќе светски компании со кои студентите ќе можат да добијат соодветна пракса но ќе бидат отворени и за професионална соработка со домашните компании.
Паркот се очекува да биде иновативен катализатор за развој на технолошки стартапи, истражување и развој, подобрување на иновативниот еко-систем во земјата. Преку создавање заеднички простори, лаборатории и инфраструктура, ќе се олесни соработката меѓу академската и деловната сфера. Проектот е дел од стратегијата за зголемување на технолошкиот капацитет на земјата, привлекување инвестиции и јака позиција во регионалниот иновациски простор.
Официјалното отворање ќе биде на 5 ноември.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
