-->
-->
Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи
-->
Тела на пет скијачи се пронајдени во близина на скијачкиот центар Цермат во Швајцарија – соопшти полицијата во швајцарскиот кантон Вале.
Телата се пронајдени на глечерот Адлер и моментално се идентификуваат.
Полицијата била алармирана од двајца туристи кои забележале напуштени скии на надморска височина од 4.000 метри. Полицијата почнала да го надлетува регионот со хеликоптер, по што ги забележала петте тела.
Сè уште не е објавено под какви околности починале, ниту пак националноста, полот и возраста на жртвите.
Властите отворија истрага за несреќата. Се испитуваат временските услови и активноста на лавините во регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство