Телефонски разговор Вучиќ-Сиљановска Давкова: На Илинден заедно во манастирот Прохор Пчински

Претседателот на Србија денеска телефонски разговарал со претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова и притоа е договорена заедничка посета на манастирот Прохор Пчински на Илинден, јави дописникот на МИА од Белград.
- Срдечен разговор со претседателката @gordana_siljanovska_davkova за најважните прашања од нашите билатерални, а особено економските односи, како и за местото на Србија и Северна Македонија на агендата на проширувањето на Европската унија и взаемната поддршка на на #ЕУ патот. Претседателката на Северна Македонија се заблагодари за помошта што Србија ја пружи во гаснењето на пожарот, а јас посочив дека важноста на регионалната соработка е во тоа што можеме да си помогнеме на најдобар и најбрз начин. Се договоривме заедно да го посетиме манастирот Прохор Пчински на Илинден, што исто така ќе биде одлична можност за дополнително зајакнување на врските меѓу нашите два народи, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Вучиќ, како што се наведува во објавата, ја искористил можноста да ја покани неговата почитувана колешка да ја посети Србија, за да се конкретизирираат некои од плановите кои ќе ја подигнат взаемната соработка на повисоко ниво.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
