Македонија
21. March 2026 - 14:51

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река

Тело на жена во фаза на распаѓање е пронајдено денеска во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река. Жената не е идентификувана, а причините за смртта се уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираат од полицијата и ЈОРСМ. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Претходно ЈОРСМ соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. Починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.

 

МИА