Телото го измил и го подготвил за погреб, синот кој си го уби таткото во Гостивар прикривал траги

Јавното обвинителство денеска соопшти дека синот кој го уби таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб.
- Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција, наведува Обвинителството во денешното соопштение.
Триесет и тригодишникот започнал семејна расправија со таткото заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што физички го нападнал удирајќи го со рака и тврди метални предмети се додека не му нанел тешки повреди од кои таткото починал.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.
МИА
Ново на Сител
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
