Тендерот за лекот „фактор 8“ за пациентите со хемофилија ќе се распише најдоцна до утре

Денеска, најдоцна утре, ќе се распише тендерот за набавка на лекот „фактор 8“ за пациентите што имаат дијагностицирана хемофилија, најави денеска од Собранието, Јовица Андовски, заменик-министер за здравство, кој одговараше на пратеничко прашање поставено од пратеничка Јована Мојсоска. Таа посочи дека пациентите во изминатите 10 месеци се соочуваат со сериозни здравствени проблеми поради недостигот на овој лек, кој им е потребен за да имаат нормален живот.
- Сакам да ве уверам дека нема никакви, како што таа ги нарече, тендер-шеми, туку работата е многу проста. Станува збор за доставувач што си ја добил набавката и се обврзал да достави одредена количина. Количината во рокот на траење на договорот не успеал да ја достави и затоа договорот е раскинат. Прво, во меѓувреме стручните служби и стручњаците - професорите утврдија дека постои заменски лек и ние го набавивме и им се нуди на пациентите. Второ, во меѓувреме договорена е донација за истиот лек, таа треба да стаса до крајот на неделава и, трето, колку да сте информирани, денеска, најдоцна утре, ќе биде распишана нова набавка на истиот лек од страна на Трансфузиологија - рече Андовски.
Пратеничката Мојсоска го праша и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши кога ќе се донесат законските измени за угостителските објекти, бидејќи по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ на површина излегоа големи пропусти, како што е добивање на лиценца за дискотека само врз основа на изјава дадена на сопственикот на објектот. Министерот Дурмиши во својот одговор посочи дека новиот закон е комплетиран и е доставен до сите релевантни институции за изјаснување и дополнување, по што за овој закон ќе бара и јавна расправа, која, како што рече, ќе се одржи наскоро.
-Законот бара јавна расправа, нема да се донесе само со една изјава, какошто кажавте вие, бидејќи не може да се изготви закон само за една недела. Меѓутоа откако ќе се достави и земат мислењата од надлежните институции, ние бараме да се одржи јавна расправа, каде што ќе бидат опфатени сите коишто ја вршат ова дејност, посочи Дурмиши.
Тој истакна дека инспекциските служби низ угостителските објекти, дискотеките и каберата во земјата имале рекорден број на контроли во текот на 2025 година, односно на терен направиле над 20.000 контроли. Посочи дека за издавањето на лиценци како Министерство бараат согласности од МВР, Дирекцијата за заштита и спасување, сите надлежни инспектори и од општината на чија територија е објектот.
МИА
Ново на Сител
-

Кошта: ЕУ ќе се брани од секој облик на присила, ќе го штити меѓународниот поредок
-

Затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица поради снег, забрана за камиони на Плетвар
-

Министерство за транспорт: Сите патни правци се проодни, оние каде паѓа снег континуирано се чистат
-

Ердоган за време на разговор со Трамп: Турција внимателно ја следи ситуацијата во Сирија
-

Најмногу снег на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување во зима, подготвеноста е наша обврска | ФОТО
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
