Термини нема, а пациенти со рак сами купуваат хемотерапија
На розевиот пикник дојде од Онкологија каде примала терапија. Лидија Стефановска насмеана а позади намевката се кријат години во борба со рак на дојка, на коски и сега битка со метастази на мозокот.
-Бев и примав системска трапија бидејќи воопшто не бев добро, вели Лидија Стефановска.
Лидија преку донации сама ја купува хемотерапијата од Турција бидејќи во нашата земја ја нема. Денеска искористи прилика да му каже лично на министерот за здравство дека поради немањето на лекот болеста и се вратила а на Онкологија фалат лекари. И друга нејзина соборка го праша Меџити како да превенираат кога со месеци чекаат термин за мамографија.
-Поради големи гужви лекарите не можат да ни посветат доволно внимание. Добив рецидив на коски, добив рецидив на мозок. На мозок добив поради немањето на терапии, вели Лидија.
-Веќе таа позитивна листа се ажурира, нема да биде на волја на министер или минисерство. Сум кажал, два пати годишно ќе има ажурирање на позитивната листа, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.
Речиси иста судбина како Лидија има и Ленче Петрова која поминала многу време на Онкологија со бројни хемотерапии и зрачења.
-за жал 2022 ми се повтори рецидив на гради. Операцијата ја поминав, го поминав и тој пат и еве еве сега во август имав и мозочен удар. Но јас сум силна и се борам, вели Ленче Петрова.
И Ленче и Лидија се пример дека колку и да било тешко секогаш треба позитивно и со верба во животот да се продолжи напред. Статистиката за рак на дојка е поразителна, многу новодијагностицирани а чекањето за термини дополнително ја влошува сликата. Надлежните ветуваат подобрувања а пациентите прашуваат – кога..
-Македонија е трета во Европа по број на случаи со ова малигно заболување и за жал, 80 проценти од пациентите доаѓаат во напредна фаза на болеста, вели Лиридона Лимани, претседател на здружението ЕЗРА.
- За жал, ногу се чуствуваат стигматизирано, виновно и се обидуваат тоа да го сокријат, вели Радмила Ханџиска, директор на Медикус Хелп
Кај сите присутни на розевиот пикник имаше лична приказна. Тешки се моментите на соочување со болеста, но денешната дружба беше и да покажат дека сакаат и можат.
-Само тој што го поминал тој пат знае колку е тежок, но по секое лошо иде и добро, вели Петрова.
Со розеви маици помина прошетката, а жени кои се соочиле со рак на дојка покажаа дека можат и да се забавуваат.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
