Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика сериозен сообраќаен метеж на влез во Скопје. Според првичните информации, камион со кран удрил во семафорската конструкција, при што семафорот паднал.
Неофицијално, семафорот паднал врз мотоциклист, кој се здобил со повреди и бил пренесен во болница.

Сообраќајот во овој дел од градот подолг период е во прекин или се одвива исклучително отежнато, а полициски екипи се на терен и ги пренасочуваат возилата ксо цел да се избегне целосен застој.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека околу 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода, при што камион со скопски регистарски ознаки удрил во семафор.

„Во незгодата е повреден еден пешак“, соопштија од МВР.

На местото на настанот се врши увид, по што се очекуваат повеќе детали за причините за несреќата.
Ново на Сител
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
