Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Словенија, на делницата меѓу Унец и Равбаркоманда, во правец кон Копер.
Според словенечката полиција, во несреќата учествувале камион и патничко возило со пет македонски државјани. Камионот поради дефект бил запрен во ниша покрај автопатот, кога автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката.
На местото лекар констатирал смрт кај три лица. Еден од повредените е пренесен со хеликоптер во болница, а повредениот возач со возило на Итната медицинска помош.Несреќата била пријавена во 16:28 часот. Увидот е во тек, а полицијата дополнителни информации за причините и околностите ќе соопшти по завршувањето на истрагата.
Поради несреќата автопатот кон Копер е затворен, а сообраќајот се одвива отежнато со долги колони.Товарните возила се пренасочуваат кај Логатец.
Ново на Сител
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
