-->
-->
Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
-->

Четириесет и тригодишен кумановец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи претпладнево околу 11 часот на автопатот Куманово – Скопје, во атарот на Агино Село. Како што информираат од СВР Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(43) од Куманово, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.
- Донесено е лице со тешки телесни повреди, пружена му е помош и е задржано на лекување-изјави директорот на болницата, Сашо Стошевски.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
