Македонија
14. May 2026 - 19:57

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство

Се’ почестите случаи на врсничко насилство повторно ја отворија дебатата за тоа каде потфрла системот и зошто агресијата станува се’поприсутна во училиштата и на социјаните мрежи.  Наместо реакција само по инцидентите, потребен е координативен и континуиран пристап во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни кои ќе работат и на превенирање на малолетничката деликвенција, заклучија експертите на денешниот панел „Промоција на безбедна училишна средина“ во организација на Детската амбасада Меѓаши.

„Во делот на превенцијата, училиштата имаат недостаток. Односно, секогаш за ова се разговара после направената работа, после стореното насилство. Мора да се зајакнат капацитетите и во делот на училиштата каде треба пообемно да се работи во делот на превенцијата“, изјави  Гоце Јанкулоски, Државен просветен инспекторат.

„Можеби ни се потребни подобри мерки за соработка помеѓу училиштето и центрите за социјални работи затоа што откако ќе се извести Центарот за социјална работа, доколку стганува збор за потешко насилство и истиот излезе на терен да работи со семејството училиштата не ги добиваат повратните информации што се работи со тоа дете, што се работи со тоа семејство за да го подигнат нивото, бидејќи тоа дете треба да се врати во училиште“, изјави  Елена Иванова, државен секретар - Министерство за образование и наука.

Драги Змијанац со став дека клучот за намалување на агресијата и проблемите е токму нивното вклучување на младите во носењето одлуки и препознавање на различните видови на насилство.

Откако 15-годишник со нож прободе дете во училиштен тоалет во Ченто, надлежните го вклучија црвениот аларм. Се подготвуваат измени на Законот за основно за да се казнат родителите чии деца предизвикуваат насилство. Покрената е и иницијатива за лиценцирање на училишни психолози за да детектираат насилство или други проблеми кај децата.