Македонија
4. September 2026 - 12:43

Тешко повредено осумгодишно момче откако со детски мотор удрило во паркирана приколка

Осумгодишно дете од гостиварското село Дебреше е повредено откако со детски мотор удрило во паркирана тракторска приколка.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила во двор од куќа, а детето по повредувањето било пренесено во Ургентниот центар во Гостивар.

Поради сериозноста на повредите, осумгодишното дете било префрлено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошна лекарска помош.

Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар на 3 септември во 16:40 часот. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.