Македонија
7. August 2026 - 14:13

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца

На 06.08.2026 во 23:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Ф.(36) од тетовско, со престој во Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во нивниот дом ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа и физички ја нападнал.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.