ТФТ го загуби и вториот натпревар против Борац во баражот за АБА лигата

Македонскиот кошаркарски вицепрвак ТФТ не успеа да обезбеди трет меч во баражот за пополнување на место во регионалната АБА-лига.
ТФТ синоќа во Скопје доживеа пораз и во вториот натпревар од серијата со Борац од Чачак. Гостите од Србија беа поквалитетн противник и со уште еден убедлив триумф (97:65) изборија опстанок во АБА 1.
Уште по првото полувреме беше јасно дека ТФТ има многу мали шанси да дојде до посакуваната победа бидејќи Борац замина со предност од (52:35) на одморот. ТФТ беше рамноправен во третиот период, но во последниот успеа да постигне само девет поени и на крајот убедливо беше победен, од реално поквалитетниот противник.
Џастин Гордон со 18 поени беше најефикасен играч кај македонскиот претставник, го следеше Дејвис постигна 15, додека Говенс заврши со 11. реализации.
ТФТ сега се насочува кон домашните обврски. Веќе во вторник, „црно-белите“ ги очекува вториот натпревар од полуфиналната серија, против Маџари, екипа која има водство од (1:0) и го има домаќинството на тој дуел.
МИА
Ново на Сител
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
