ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
ТикТок објави дека речиси сигурно ќе престане со работа во САД почнувајќи од утре по одлуката на американскиот Врховен суд во врска со законот што го донесе Конгресот во врска со функционирањето на оваа популарна апликација.
– ТикТок, за жал, ќе биде принуден да ја прекине работата во САД на 19-ти јануари, освен ако администрацијата на Џо Бајден не се погрижи да не се спроведе законот со кој се забранува платформата во САД ако неговиот кинески сопственик не се согласи да ја продаде, се вели во соопштението на ТикТок објавено на социјалната мрежа „Икс“.
„ТикТок“ со месеци се бори против овој закон, кој Конгресот го донесе во март во име на заштита националната безбедност, но Врховниот суд на САД вчера одби да го запре, со што ја предодреди судбината на социјалната мрежа во земјата доколку владата реши да не интервенира во последен момент.
– Нема сомнеж дека за повеќе од 170 милиони Американци, ТикТок нуди важно средство за изразување, интеракција и заедница, оценија едногласно деветте судии од Врховниот суд. Сепак, посочија дека Конгресот утврдил оти неговото продавање е неопходно за да се надминат основаните грижи за националната безбедност.
Одлуката на највисокиот американски суд дојде нешто повеќе од 36 часа пред крајниот рок што и го одреди Конгресот на кинеската матична компанија на ТикТок, ByteDance, да ја продаде својата подружница во САД.
Со законот се бара од давателите на интернет услуги и продавниците за апликации да ги блокираат преземањата и ажурирањата на ТикТок почнувајќи од вечер на полноќ.
Белата куќа смета дека „спроведувањето на законот (треба) да и се довери на следната администрација, која ќе стапи на должност во понеделник“, изјави портпаролката Карин Жан-Пјер.
Американското Министерство за правда, од своја страна, соопшти дека за спроведување на законот ќе биде потребно време, што го поставува прашањето за неговиот ефект на краток рок.
– Изјавите дадени од Белата куќа и Министерството за правда не ја дадоа потребната јасност и доверба на давателите на услуги кои се составен дел за ТикТок да остане достапен за повеќе од 170 милиони Американци, соопштија од популарната апликација, пред да го објават предупредувањето дека поради ова, ТикТок речиси сигурно ќе биде принуден да ја прекине работата во САД почнувајќи од утре.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека го поддржува задржувањето на ТикТок во САД, па дури и се жалеше до Врховниот суд со барање за тоа, но безуспешно.
Ново на Сител
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа
-
Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон градоначалник на Кавадарци и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син