Loading Video...
Фудбал
25. May 2021 - 19:28

Тиквеш и Ренова ќе играат во Првата МФЛ

 
Тиквеш и Силекс одиграа тежок натпревар по топлото време  на Националната Арена Тоше Проески  на кој по неколкуте неискористени шанси на двете страни Кавадарчани  успеаја да постигнат погодок во второто полувреме кој  им донесе голема радост и враќање во елитата по цели 17 години. 
Средбата започна со иницијатива на Силекс  кој притискаше но не успеа да пронајде пат до голот на Димовски.   Како течеше мечот  кај кратовчани се почувствува замор од финалето на купот и  противникот се обиде тоа да го искористи во финишот на првиот дел . 
Водството за Тиквеш дојде во 54 минута  а голот го постигна Спахии. 
Во продолжението  Силекс  успеа да притисне и  опасно се закани и имаше две големи шанси преку Ѓорѓевиќ но голманот на Тиквеш Димовски успеа да одбрани   и  да го зачува водството за Кавадарчани  и минималната победа од 1-0. 
На терените на ФФМ Ренова  и Охрид одиграа 2-2 во регуларниот дел по што судбината ја одлучуваа ударите од белата точка а на крајот се радуваа фудбалерите од Тетово кои остануваат во прволигашката конкуренција. 
Охрид  прв го отвори резултатот со погодокот на Трпески  постигнат од центарот на игралиштето  по лошата проценка на голманот Велии. 
Ренова брзо се врати   и успеа да го израмни резултатот со погодокот на Муарем . 
Ова беше резултатот од првиот дел . 
Во вториот повторно на сцена  фудбалерите на Охрид им  Митев обезбедува водство за второлигашот. 
Ова беше знак ренова да притисне но  безуспешно се  до самиот финиш кога лошата интервенција на Симоновски Шефити ја претвори во  израмнување на 2-2 по што решаваа ударите од белата точка. 
Ѓорѓиевски, Наумоски и Вељаноски  промашите од 11 метри со што опстанок обезбеди Ренова.