Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година
На листата најплатени глумци во светот за изминатата година, меѓу првите 10-мина, има само една жена: Никол Кидман. Следи целосниот список.
10. Вил Смит – 26 милиони долари
Пејачот и актер Вил Смит заработи 26 милиони долари, заземајќи го десеттото место пред Мариска Харгитај, која заработи 25 милиони долари.
Сумата најмногу може да се припише на филмот „Bad Boys: Ride or Die“, четвртиот дел од франшизата, кој заработи 404,2 милиони долари ширум светот, со продукциски буџет од 100 милиони долари.
9. Адам Сендлер – 26 милиони долари
Хитот на Нетфликс „Спејсмен“ го чинеше стриминг гигантот 40 милиони долари, а дел од тие пари отидоа кај Адам Сендлер. Среќен Гилмор 2 е исто така во работа.
8. Никол Кидман – 31 милион долари
Австралиската оскаровка заработила 31 милион долари и е единствената жена на оваа листа. Нејзиниот успех е резултат на многу успешна година која ги вклучи хит филмовите „Babygirl“ и „A Family Affair“, како и улоги во „Spellbound“ на Нетфликс и три ТВ серии.
7. Џорџ Клуни – 31 милион долари
Џорџ Клуни имаше успешна година, појавувајќи се во „Волци“ со Бред Пит. Иако Клуни и Пит наводно биле платени 35 милиони долари за „Волци“ на Apple+, Клуни изјавил дека неговиот хонорар е „многу помал“.
6. Бред Пит – 32 милиони долари
Бред Пит се појави во филмот „Волци“ со Клуни, а исто така има продуцирано осум филмови, меѓу кои и „Волци“. Неговата вкупна заработка била 32 милиони долари.
5. Хју Џекмен – 50 милиони долари
Deadpool & Wolverine беше огромен хит, со заработка од неверојатни 1,34 милијарди долари ширум светот. Џекмен на крајот заработил 50 милиони долари.
4. Џери Сајнфелд – 60 милиони долари
Сајнфелд стана милијардер минатата година, а дополнително ја збогати својата сметка со режирање и глумење во „Unfrosted“ на Нетфликс, филм кој ја открива приказната зад сцената зад создавањето на еден од најпопуларните американски десерти – Поп-Тартот.
3. Кевин Харт – 81 милион долари
Харт имаше неверојатна година и заработи вкупно 81 милион долари. Се појави во филмот „Borderland“, хумористичната серија „Умри Харт“ и имаше 90 стенд-ап настапи.
2. Рајан Рејнолдс – 85 милиони долари
Рејнолдс беше главната ѕвезда на филмот „Deadpool & Wolverine“, кој заработи над 1,3 милијарди долари. Тој, исто така, продуцираше нови епизоди од серијата „Добредојдовте во Рексам“ за Хулу и го преработи сценариото за филмот на неговата сопруга Блејк Лајвли „Тоа завршува со нас“.
1. Двејн Џонсон – 88 милиони долари
Двејн Рок Џонсон го зазеде првото место со заработка од 103 милиони долари бруто или 88 милиони долари нето. Неговата голема зделка за филмот „Red One“ на Амазон е вредна 50 милиони долари, а тој заработи и голема сума со „Moana 2“.
Ново на Сител
-
Еди Рама сè уште не добил честитки од косовските лидери за четвртиот премиерски мандат
-
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
-
Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
-
За секој освоен глас на парламентарните избори, политичките партии во Албанија ќе добијат по 94 лека
-
Во Брисел утре претставување на кандидатите за наградата „Сахаров“, студентите кои ги предводат протестите во Србија се едни од предложените
-
Бунт во затвор во Еквадор, 14 загинати и 14 повредени
-
Путин: Русија ќе се придржува до Нов СТАРТ уште една година по истекот на Договорот
-
Русија негира упади на нејзини воени авиони во воздушниот простор на држави членки на НАТО